Граѓаните против зголемувањето на старосната граница за пензионирање

Граѓаните револтирани заради информациите дека можно е да се продолжи старосната граница за одење во пензија. Имено, додека  работниците стравуваат за старосната граница, бизнисмените се противат на зголемување на стапката на придонеси.

Инаку,  според анализата на институтот Finance Think покажа дека пензискиот фонд е неодржлив и дека  нешто мора да се направи. Тие предлагаат неколку мерки – зголемување на старосната граница на 64 години за жени и 66 за мажи, како и зголемување на придонесот за пензиско од 18 на 22 проценти.

 Според проекциите на Министерството за финанси  една третина од парите во државната каса годинава ќе бидат потрошени за исплата на пензии, социјална и детска заштита. Само за исплата на пензиите во 2018-та од буџетот ќе се издвојат 880 милиони евра, што е за 34 милиони евра повеќе во однос на лани.
Владата засега молчи за следните чекори  и не се открива што ќе биде преземено но според граѓаните продолжување на старосната граница за пензионирање додека голем број на млади луѓе чекаат за работа е незамисливо. Стапката на невработеност кај младите е голема додека границата во која младите формираат семејства е поместена. Ова се должи како на новите вредности и трендови но исто така голем удел има и финансиската состојба односно наоѓањето на работа.
При состојба кога младите луѓе неможат да најдат основна егзистенција  тие немаат основни услови за градење на дом и фамилија што исто така влијае на намалување на наталитетот.
Ознаки: 

Comments are closed.