Малите и средни претпријатија немаат корист од владината програма за субвенционирање. Велат дека само големите фирми ги добиваат средствата

Малите и средни компании се жалат дека владата ги помага само големите компании додека за нив пари нема . Голем дел од средствата се сливаат во веќе добро стоечките компании додека малите на кои најмногу им треба помош се оставени на цедило.

Од Организацијата на работодавачи велат дека Владата со финансиска инјекција им помага само на големите и добро стоечки компании, кои добро профитираат – малите оставени сами на себе да се снаоѓаат.

Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија планот за економски раст на сегашната власт според сегашните критериуми не нуди поддршка за малите компании кои имаат по околу 10 вработени, туку само за брзорастечките компании што е голем проблем.

Малите компании имаат потреба од финансиска помош заради фактот што тие во почетокот на нивното функционирање се ранливи и финансиската помош е клучна за нивен опстанок. Инаку, микро и малите претпријатија до 10 вработени зафаќаат над 80% од вкупниот број претпријатија и учествуваат со повеќе од 50% во БДП, но според газдите тие се оставаат на маргините и тешко доаѓаат до државна поддршка.

Владата во својот план за економски раст ветуваше поголема помош на домашните компании а притоа ги скрати дел од поволностите кои беа предвидени за подршка и привлекување на странски директни инвестиции.Аргументите за тоа беа дека домашните компании треба да добиваат поголема помош и да бидат во прв план на македонската економија. Како што кажуваат фактите од терен ситуацијата воопшто не е таква и малите и средни претпријатија се оставени на цедило додека странски инвестиции нема.

Според ескпертите ваквата состојба е аларматна бидејќи малите и средните претпријатија се моторот на економијата односно движечката сила. При отсуство на странски инвестиции додека домашното стопанство се бори за опстанок иднината на македонската економија е повеќе од загрижувачка.

Ознаки: 

Comments are closed.