УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2018 за долгови доспеани до 31.10.2017 и неплатени до 31.01.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2018 објавени се 2399 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 2014 физички лица (повеќе за 420 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2018 изнесува 10.995.091.492 денари, повеќе за 199.863.114 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.949.303.205 денари (повеќе за 182.886.732 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 45.788.287 денари (повеќе за 16.976.382 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

Ознаки: 

Comments are closed.