Вработеноста во Европската Унија на највисоко ниво до сега

Во Европската унија, 72,3% од населението е вработено во третиот квартал од 2017 година, што е највисока стапка на вработеност што била некогаш  забележана, соопшти Европската комисија.

Стапката на вработеност на лица на возраст од 20 до 64 години постојано расте во текот на изминатите три години.

Минатата година, во споредба со 2016 година, се зголеми за 1,7 отсто, или за четири милиони жители, од кои 2,7 милиони луѓе во еврозоната, според последниот Квартален извештај за вработување и социјален развој во Европа.

“Со поддршка на силниот економски раст, вработеноста во ЕУ продолжи да расте посилно од очекуваното во третиот квартал од 2017 година, додека невработеноста продолжи да опаѓа”, се вели во извештајот на Комисијата“

Бројот на постојани вработени е зголемен за 2.8 милиони од третиот квартал од 2016 година, а бројот на оние кои имаат фиксен договор се зголемени за 900.000.

Работници со полно работно време беа 181 милион во 2017 година, или три милиони повеќе, а оние кои не работат со полно работно време беа 42,7 милиони, 300 000 повеќе од 2016 година.

Европскиот комесар за вработување и социјални прашања, Маријан Тисен, рече дека треба да се искористи овој позитивен економски импулс и дека на граѓаните треба да им се обезбедат фер услови за работа, еднаков пристап до пазарот на труд и пристојна социјална заштита.

“Растот се врати во Европа. Вработувањето во ЕУ достигна највисоко ниво што било забележано со повеќе од 236 милиони луѓе кои се вработени, а невработеноста постепено опаѓа”, рече Тајсен.

Ознаки: 

Comments are closed.