Индексот на трошоците на животот во јануари забележаа пораст од 1.1%, додека индексот на цените на мало исто така забележа пораст за 2.3%.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.6, а индексот на цените на мало 99.9.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај житата за 3.7%, другите пекарски производи за 3.6%, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3.2%, другите млечни производи за 2.4%, брашното и другите жита за 2.2%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1.5%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.4%, сушеното, соленото и чаденото месо, другите прехранбени производи за 1.3%, замрзнатото овошје за 1.1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, безалкохолните пијалаци за 0.9%, оризот и месото за 0.5%, млекото, сирењето и урдата за 0.3%, маслото и маснотиите за 0.2%. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 10.0%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.7%, информатичката опрема за 4.1%, обувките за 3.1%, авионскиот превоз на патници за 2.9%, услугите за сместување за 2.7%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1.5%, гасот за домаќинствата за 1.0%, цврстите горива за 0.8%, облеката и поправката на електричните апарати за 0.6%, терапевтските помагала за 0.3%, мебелот за домаќинствата и големите електрични апарати за домаќинствата за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6%, рибата и морските плодови за 1.3% и јајцата за 0.3%.

Во јануари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 10.4%, телефонската и телефакс опремата за 9.8%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7%, другите лични предмети за 2.5%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4%, домашните миленици и сродните производи за 2.2%, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1.2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1.0%, станарините и автомобилите за 0.7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.5%, патниот сообраќај за 0.4%, лековите за 0.3%, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, забележа пораст од 1.1%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.3%.

Ознаки: 

Comments are closed.