Работниците на „Веибо Груп“ оставени на цедило од страна на надлежните. Најавуваат дека ќе блокираат улици додека не се најде решение за нивниот проблем

Од страна на Иницијативниот одбор на „Веибо груп“ најавија дека секој ден ќе блокираат патот на истата локација, на клучката кај влезот во Крива Паланка и, како што велат, блокадите ќе продолжат се додека не се реши нивниот проблем. Револтот е се поголем и зашто менаџерскиот тим на „Веибо“ и натаму останува глув на нивните барања.

Работниците се гневни дека се оставени сами на себе. Велат дека надлежните ги оставиле на милост и немилост и дека не се воопшто заинтересирани дека нивниот живот и основна егзистенција виси на конец.

Наместо решавање на проблемот, од Владата и натаму ја обвинуваат претходната власт, за која велат дека не го испочитувала договорот со турските газди. Вработените велат дека ова нема да го толерираат.

Инаку, работниците од Крива Паланка веќе две недели постојано се на улица, со организирање секојдневни блокади на магистралата А2. Тие се решени да ги бараат и остварат нивните работнички права.
Паралелно, сметките на работниците од фабриката за текстил „Веибо“ и натаму се без денар, а луѓето се оставени сами на себе.
Ознаки: 

Comments are closed.