Цената на еден барел нафта падна на 62 долари

Цената на нафтата достигна вредност од 62 долари за барел, поради загриженоста за зголемувањето на производството во САД.
На пазарот во Лондон, цените на барел паднаа за 26 центи на 62,46 долари. Пазарот на барел во САД се тргуваше на 40 центи по цена од 58,79 долари.

Американскиот институт за нафта (АПИ) во вторникот објави дека минатата недела нафтените резерви во САД се зголемиле за 3,9 милиони барели. Овој скок во голема мера е резултат на зголеменото производство, кое се зголеми за повеќе од 20 отсто од средината на 2016 година. Со тоа американското производство ja победи  Саудиска Арабија и се приближи до најголемиот производител на нафта, Русија. Сите индикации се дека резервите на нафта во САД во првиот квартал ќе го забележат најголемиот пад.

Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери, вклучувајќи ја и Русија, имаат ограничено снабдување со нафта од почетокот на 2017 година за да го намалат нивото на глобалните резерви.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја зголеми прогнозата за пораст на побарувачката во 2018 година за 100.000 барели дневно на 1,4 милиони барели дневно, но исто така истакна дека брзото зголемување на глобалното производство би можело да го надмине растот на потрошувачката.

Ознаки: 

Comments are closed.