Актуелно 16.01.2019 12:58

Брзото возење зема најголем „данок во крв“ на патиштата во Југоистокот

Брзото возење зема најголем „данок во крв“ на патиштата во Југоистокот

За 11 месеци лани осум лица го загубиле животот, а 224 биле повредени во сообраќајни несреќи во Југоистокот.

Бројот на сообраќајните несреќи со смртни последици бележи големо намалување во споредба со 2017 година , но брзото возење и неприлагодената брзина на условите на патот и понатаму се главна причина за сообраќајните несреќи во југоисточниот дел на државата.

Според податоци од СВР Струмица, лани за 11 месеци се случиле вкупно 435 сообраќајни несреќи, што е за 236 помалку во споредба со 2017 година.

Лани 123 сообраќајни несреќи биле предизвикани од брзо возење, поради непочитување на правила на првенство на минување-47, недржење страна и правец на движење- 29 и управување под дејство на алкохол- 49.