Актуелно 18.01.2019 10:19

Облачно и ветровито, со услови за дожд

Облачно и ветровито, со услови за дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а во следните денови ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.