Актуелно 15.03.2019 09:59

Николоски: Одговорноста за фер избори останува на власта бидејќи таа ги организира

Николоски: Одговорноста за фер избори останува на власта бидејќи таа ги организира

Николски посочи дека кај Зоран Заев има огромна разлика од говорено до реализирано и го спомена референдумот каде што се случија големи нерегуларности.

-И за референдумот се велеше дека ќе е кристален чист, па се случи тоа што се случи. Така што сомнежот останува. И тука е одговорноста на власта, власта е таа која што треба да ги организира изборите, појасни Николоски.

Николоски потсети дека  ВМРО-ДПМНЕ уште во јануари побара предвремени парламентарни избори.

-И покрај тоа што сакавме на граѓаните да кажат што мислат и кој треба да ја води државата во следниот период, една од основните причини беше затоа што парламентарните избори се единствени избори каде што опозицијата  има право според Пржинската влада да партиципира во организацијата на изборите и колку толку да има гаранција фер и демократски избори, рече Николоски.