Актуелно 07.08.2019 15:19

„Главата на државната мафија, главата на октоподот, главата на рекетот се уште се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец“

„Главата на државната мафија, главата на октоподот, главата на рекетот се уште се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец“

Среде најголемиот скандал рекет од октоподот, од државната мафија се најавува наводен инвестициски бум и нови задолжувања. Ниту економски бум е можен, ниту некој ќе инвестира, ниту некој ќе даде пари на државната мафија во Македонија, освен можеби со високи комерцијални камати, се додека не се расчисти владино – обвинителскиот – невладин рекет, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Ова е незапаметен срам со висока корупција во Македонија, ова е меѓународен блам што ќе се одрази на севкупната активност – економска, дипломатска, општествена. Замислете среде најголемиот скандал со уцени на бизнис секторот во владиното – обвинителското злосторничко здружување, на одмор се и Русковска и Катица Јанева! Оваа втората уште повеќе ужива во странство! И таа што треба да гони и таа што треба да е гонета за случајот да добие некаква насока. Па каква е оваа слика која што се остава пред домашната и пред меѓународната јавност, особено кога се бара брзо расчистување на овој најголем скандал од високата корупција?“

Како што потенцира Стоилковски оштетени граѓани јавно преку телевизии посочуваат за грабеж од невладината на Боки 13, невладина со пола министри и владини функционери внатре, најавуваат приватни тужби гледајќи дека ништо не се случува за расчистување на овој скандал.

-Очигледно тоа е маската на рекетот, а здружението на Боки 13, Кики, на Фрики, на Коки, Зоки – Поки уште јасно вели, никој од таму не бил повикан од истрагата! Уште поочигледно е што тоа не им пречи ниту на невладината ниту пак на членовите на тоа здружение, како што реков половина се владини функционери што уште повеќе го засилува сомнежот во јавноста за некаква игра и поврзаност, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој подвлече:

„Главата на државната мафија, главата на октоподот, главата на рекетот се уште се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец, додека Русковска обвинителството можеби смислено ја забошотува истрагата и се остава простор за бришење на траги, докази и влијание врз сведоци. Тоа е недозволиво, тоа е соучество и тоа мора да биде санкционирано. Македонија мора да биде земја на правото и на правдата, Македонија мора да се оттргне од листата на држави каде што владее државна мафија и цвета криминалот и високата корупција. На Македонија и е потребна обнова и таа ќе се случи а бројчаникот навистина ќе почне да врти!“