Актуелно 13.02.2020 16:35

Ласовска: Најлесно им е, удри по жена, Мизрахи им пречи затоа што знае да работи

Ласовска: Најлесно им е, удри по жена, Мизрахи им пречи затоа што знае да работи

Во услови кога затвореници бегаат од затвори, најсвеж пример, Агим Красниќи од штипскиот затвор, поранешниот премиер спонзорира рекетар.

Екс премиерот комуницира и се договара со рекетари, а вицепремиерката Царовска не спроведува решение и постапувала незаконски.

Истовремено, во општеството се случува хаос создаден од СДСМ, а премиерот Спасовски го избра најлесното решение да удри по жена, да проба да ја замае јавноста, бидејќи стилот на СДСМ е таков.

Удри по жената што си ја сака Македонија.

Рашела Мизрахи им пречи затоа што знае да работи, затоа што е чесна и работи за татковината, не се вклопува во нивната криминална матрица, напиша на Фејсбук претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.