Актуелно 13.02.2020 16:37

Стаменковска Стојковски: Од 60 000 вработувања, близу 40 000 се во државен и јавен сектор

Стаменковска Стојковски: Од 60 000 вработувања, близу 40 000 се во државен и јавен сектор

Од 17.01.2020 година, со 2 дописи, 3 потсетувања и појаснување по е-маил до Агенција за вработување на Република Мекедонија а во врска со член 18 став 3 од Законот за вработените во јавен сектор, побарав да ми се достави детален табеларен преглед на: Пријави во работен однос (М1), Одјави од работен однос (М2) и по сите основи на одјави од работен однос (М2) на неопределено/определено/сезонски/итни и неодложни/АПВ, одвоено за државен и јавен сектор, приватен сектор и вкупно. До денес од страна на оваа јавната институција со која раководи Билјана Јовановска, НЕ добивме целосни и точни податоци. Наместо тоа, директорката ни испрати хаотичен преглед што укажува на опструкции и прикривање на вистината од граѓаните за бројот на вработените во јавниот сектор.

Ова го истакна заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски на денешната прес-конферација.

-Имено, од вкупниот број на вработени со кој се фали сдс, 60 000 вработувања за време на нивното владеење, според моите сознанија, близу 40 000 се во државен и јавен сектор. Истата оваа директорка и институција, за потребите на сдс и Дамјан Манчевски, веднаш изработија извештај и направија преглед за пријавите и одјавите во и од работен однос за ноември и декември 2019 година во државниот и јавниот сектор, но да одговорат на законската обврска од моето барање не сакаат, ја злоупотребува положбата, не сака да достави целосни и точни податоци и поради го повикувам техничкиот Претседател на Владата, МТСП, ДИК и ДКСК за нејзино разрешување и поведување постапка за одговорност за непостапување, нестручно и незаконско работење. Освен не постапување, Билјана Јовановска врши терор врз вработените по сите основи и до денес, ниту еден надлежен орган по партиска насока не смее да изврши надзор или да констатира неправилност, затоа што оваа директорка е миленичка на Зоран Заев, вели Стаменковска Стојковски и додава:

„Во Агенција за вработување, Билјана Jовановска е именувана во 2017 година, без да ги исполни условите од законот за именување на директор. Очигледно ги исполнува потребите на партијата СДС и Зоран Заев па за:

● Време на локални избори во 2017 година, распоредува и деградира вработени, за да на нивното место распоредува лица спротивно на закон и статут на институцијата а за време на изборен процес.
● Вработува и распоредува вработени спротивно на закон и годишен план за вработување.
● Вработените се под постојани притисоци со дисциплински постапки, закани и распоредувања од 100км, 150км, и 170 км, во еден правец, од адресата на живеење до работното место.
● Од тројца овластени претставници на синдикат, двајца се со по најмалку две отказни решенија додека третиот по препорака од Владата е распореден од Велес во Скопје.
● Неподобните немаат право на годишен одмор
● Оценувањето не се спроведува
● Се вработуваат лица без соодветно работно искуство (пример: Раководителот на човечки ресурси), со фалсификат потврда за работно искуство (пример:
Раководител на Центар за вработување Крушево) и околу 100 вработувања на определено време спротивно на член 22 од ЗВЈС.
● вработување на своите активисти како што се, потпретседателот, секретарот на нејзината партија (наменски се менува систематизацијата за да се вклопи несоодветно образование на овие високи членови на партијата) и десетици нејзини роднини и пријатели, со што институцијата ја има претворено во партиски штаб
● Државен завод за ревизија во Извештајот констатира големи трошоци за судски постапки на Агенцијата. Последиците од незаконското работење на директорката на Зоран Заев го плаќаат граѓаните.

Законите и прописите во Македонија мора да се почитуваат. Директорката мора да постапи веднаш. Граѓаните на Македонија заслужуваат транспарентност и отчетност за работењето, и имаат право да знаат каде се трошат нивите пари. А фукционерите на Зоран Заев од профилот на директорката на агенцијата за вработување треба да понесат одговорност и останат во минато“.