Актуелно 11.07.2019 09:58

Анѓушев призна дека 4 % раст во првиот квартал не е доволен за да граѓаните почувствуваат разлика во стандардот

Анѓушев призна дека 4 % раст во првиот квартал  не е доволен за да граѓаните  почувствуваат разлика во стандардот

Вице премиерот Кочо Анѓушев вчера во емисија на МТВ на новинарското прашање кажа дека 4,1 % раст на Бруто домашниот производ во првиот квартал не е доволен за да граѓаните почувствуваат разлика во квалитетот на живеењето односно во стандардот.

Исто така тој истакна дека очекува помал раст на БДП во вториот квартал од 4 ,1 % .
Инаку, Владата ветуваше дека економијата ќе расте и дека главен фокус на економскиот тим ќе биде економскиот раст и подигање на стандардот но ништо од тоа не се реализираше. Исто така владата и економскиот тим ветуваше инвестициски и инфраструктурен бум но официјалните податоци кажуваат дека капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво односно 13, 74 % за првите пет месеци од годината.

Економистите сметаат дека Владата и економскиот тим не го испорача она што го ветуваше и дека Македонија од лидер во економијата сега е рангирана на дното во регионот како по привлекување на инвестиции така и по економскиот раст додека странските компании кои работат во земјава ја оценија работата на Владата во економијата со нула.