Актуелно 07.12.2018 15:53

Арсовски: 8-ми ден Заев и Спасовски молчат за скандалот со прислушувањето, кој ќе сноси одговорност?

Арсовски: 8-ми ден Заев и Спасовски молчат за скандалот со прислушувањето, кој ќе сноси одговорност?

Осми ден молчат од СДСМ за скандалот со прислушувањето. 8ми ден Зоран Заев и Оливер Спасовски не преземаат ништо и не ја известуваат јавноста за ништо. Очигледно нешто сакаат да сокријат, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

-Се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично. Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана? Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал? Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста? За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор. Молкот на целата Влада е само потврда на сето она во кое што се сомневаат граѓаните, а тоа е дека за овој скандал се најодговорни Заев и Оливер и дека мора да сносат одговорност и да си поднесат оставки, вели Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека овој скандал е олицетворение на принципот на владеење на Зоран Заев и СДСМ.

-Неопходни се оставките на Заев и Оливер за да не ја попречуваат истрагата за скандалот. Оставки и тоа уште веднаш, потенцира Арсовски.