Актуелно 14.12.2018 11:22

Цуклев: Прогресивниот данок ќе ја зголеми сивата економија

Цуклев: Прогресивниот данок ќе ја зголеми сивата економија

Генерално ние сме против целиот концепт на прогресивно оданочување за целосно останување на законот за пропорционално оданочување, како што власта милува да го каже рамен данок. Не е рамен данок туку е пропорционално оданочување. Потоа направивме напори со друг амандман да се укине барем стапката на оданочување со 18 процент на приходите од доход, да се укине оданочувањето на трудот затоа што нелогично е да го сметаме богат некој ИТ инжинер, професор или лекар кој што зема над 900 илјади работа а е единствен вработен во семејството, истакна Драган Цуклев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Тој додаде дека власта треба сериозно да размисли за пролонгирање на прогресивниот данок, бидејќи со него се отвора можност за зголемување на сивата економија, додека пропорционалниот или рамниот данок е данок кој е едноставен за примена.

Сметам апсолутно дека треба да го пролонгира персоналното оданочување, дека таргетот за прибирање на повеќе даночни приходи со кои што би се финансирала социјалата како изговор нели на власта за воведување на прогресивниот данок, таргет треба да биде сивата економија и нејзино формализирање, односно нејзино вклучување на системот. Предноста на пропорционалното оданочување е едноставноста на примената, вели Цуклев