Актуелно 12.12.2018 16:09

Ѓорчев: Долгот и даноците се највисоки во историјата на Македонија, а ништо не е направено

Ѓорчев: Долгот и даноците се највисоки во историјата на Македонија, а ништо не е направено

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска во Собранието имаше дискусија по повод новото задолжување од Владата на СДСМ.

Ѓорчев констатираше дека Владата на Заев донесе најголеми буџети и даноци во Македонија, а дека со тие пари и средства ништо не е направено. Долгот е највисок во историјата на Македонија со цели 53 % од БДП.

Тој ја обвини Владата за зголемувањето на акцизата за дизелот со кои исцеди дури 30 милиони евра од народот, а за чист воздух се потрошени само 0,7 милиони евра.