Економија 09.05.2018 10:22

Хрватска ќе ги субвениционира купувачите на електрични возила

Хрватска ќе ги субвениционира купувачите на електрични возила

Хрватска преку субвенции ќе ги поддржи граѓаните и компаниите кои ќе инвестираат во електрични возила. Државата има фонд од околу 3,3 милиони евра со кој ќе ги поддржи купувачите.

Хрватските граѓани или компании кои ќе купат електрично возило може да очекуваат субвенции до 10.700 евра за електрични возила и до 5.400 за хибриди. Овие средства нема да може да надминат 40% од вредноста на автомобилот. Дополнително, субвенции може да добијат и купувачите на електрични скутери, мотори или квадрицикли. Максималната субвенција која може да ја добијат за овие возила е 2 .700 евра.

Средствата се поделени во два речиси идентични фонда. Фондот за граѓаните ќе биде 1.63 милиони евра, а фондот за компании 1.75 милиони евра. Официјално граѓаните можат да аплицираат од 25 април.

Секако потегот на хрватските власти е да се охрабрат граѓаните да купуваат возила кои помалку загадуваат. Овие возила иако се поскапи сепак не загадуваат. Хрватска заработува навистина многу од туризмот, па почиста околина за ова значи многу.