Актуелно 11.06.2019 12:23

Јавноста бара одговор од Заев: Дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници?

Јавноста бара одговор од Заев: Дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници?

Јавноста втор ден бара одговор од Зоран Заев кој треба да одговори дали постоела средба во Тетово и договор со ДУИ помеѓу двата круга на претседателските избори за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници.

По вчерашното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Топ Тема“ на телевизија Телма, јавноста прашува зошто неслучајно само месец дена по оваа средба на Заев во Тетово се наметнуваат две теми, првата изборниот модел и втората пописот кој доколку се фалсификува ќе биде силен ветер во грб за многу други барања на Албанците.

Дилемата што ја отвори Мицкоски за можната средба на Заев и потпишување на овој договор во Тетово, денеска ја загрижи јавноста и можната промена на менување на карактерот на државата.

Инаку вчеравечер претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија посочи дека Зоран Заев треба да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници.

– Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски. Тој нагласи дека можеби и ова изборно редефинирање на тие граници кое деновиве го актуализираше Стево Пендаровски е дел од тој договор или новиот изборен модел ќе му кумува на тој процес со исцртување на нови граници или пак можеби се е шпекулација, но треба да за излезат и да одговорат.

Навистина жалам ако господинот Стево Пендаровски не бил информиран за таа средба бидејќи гледам дека влета во една партиско политичка теорија која што ја отпочна од пред некој ден или втора теза е дека го дивергираа вниманието од оној фијаско неуспех кој што им следи за неколку дена од сега, а тоа е недобивањето на датум за отпочнување на преговори, истакна Мицкоски.

За потсетување Заев велеше и дека нема да има Тиранска платформа, но сепак на крајот се донесе двојазичност во Македонија.

Рама со признание дека Заев ја спроведува неговата Тиранска платформа

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија, објави „ТВ 21“.

-Пред неколку дена, во Македонското собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Пендаровски призна дека Тиранската платформа не била најважна, но Заев морал да ѝ даде приоритет за да дојде до фотелја

Што мислите дали после Шарена револуција, отпор против режимот, цел народ се уклучи на улица и маршираше 3 години, дали беше најбитно во политичката агенда да биде Тиранската Платформа, запраша Пендаровски при гостувањето во 1ТВ.

-Не, меѓутоа во тој момент тие 10 луѓе од ДУИ правеа влада и немаше да има влада, или тој закон ќе го имавме таков каков што е несовршен и тој е несовршен, за јазиците, или сега ден денеска ќе ги имавте на власт Груевски и Мијалков, потенцираше Пендаровски.