Финансии 10.09.2018 13:25

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08.-31.08.2018 година вкупниот промет изнесувал 468.809.913 денари и е намален во однос на јуни за 48,61 отсто. 

Класичното тргување изнесува 252.634.347 денари и е намалено во однос на јули за 34,53 отсто кога изнесувало 385.880.968 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 239.662.015 денари и обврзници во вредност од 12.972.332 денари.

Блок трансакциите за август изнесувале 216.175.566 денари и се намалени за 58,93 отсто во однос на јули.

Бројот на трансакции во август изнесувале 1.469 и се намалени за 26,40 отсто во однос на јули кога изнесувале 1.996.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална банка, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за август 2018 година можете да го погледнете тука.