Актуелно 12.09.2018 23:55

Мицкоски: Договорот е штетен, граѓаните по сопствено убедување да постапат

Мицкоски: Договорот е штетен, граѓаните по сопствено убедување да постапат

Ние како ВМРО-ДПМНЕ и анализата на повеќе од 27.029 иако имаме повеќе од 50.000 анкетни листови и врз таа навигација и врз основа на сите оние разговори кои што ги имаме со граѓаните на Република Македонија, разговаравме. Дебатиравме во рамките на партијата. Разговаравме најпрво со пратеничката група, Извршниот комитет, Централниот комитет и донесовме одлука да на граѓаните им понудиме опција најдемократска на свет да одлучат по сопственото убедување како ќе одлучат на 30 септември, рече Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју за ТВ 24 Вести во емисијата Анализа.

Мицкоски потенцираше дека според него референдумското прашање е збунувачко односно ги носи граѓаните во заблуда.

Претседателот Мицкоски истакна дека мнозинството граѓани се чувствуваат изманипулирани и изневерени од актуелната власт на СДСМ.

Мнозинството граѓани се чувствуваат генерално изманипулирани, се чувствуваат изневерени. Луѓето тешко живеат во Република Македонија и имаат реални проблеми кои што ги тиштат. За волја на вистината може четврта или пета тема е референдумот и сето ова кое што се случува. Навистина луѓето имаат проблеми кои што се од егзистенцијална природа за разлика од овие од владејачката врхушка кои што не им е проблем да си доделат некој милионски тендер па да ги видиме нив и нивните семејства на некои егзотични места како летуваат  се скијаат, вели Мицкоски.