Актуелно 16.07.2019 13:05

Мицкоски со месеци обелоденуваше дека лица блиски до СДСМ рекетираат бизнисмени во Македонија

Мицкоски со месеци обелоденуваше дека лица блиски до СДСМ рекетираат бизнисмени во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, подолг период говори за рекетирање кое се прави врз бизнисмени во Македонија, од страна на лица блиски до актуелната власт на СДСМ.

На 10-ти јуни во „Топ тема“ на прашањето на новинарката Снежана Лупевска дека постои одредена група блиска до власта која рекетира сопственици бизнисмени,газди на хотели заедно со одреден медиум, Мицкоски изјави дека тој веќе претходно го обелоденил овој случај, но сè уште нема правна разрешница.

Мицкоски во интервју на Канал 5 телевизија на 29 јуни изјави:

„Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула“.

Дека „СЈО не е реформа, туку алатка за притисок“ оцени Мицкоски во интервју дадено за Клан телевизија, емитувано на 20-ти јуни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија  на Тв 21, Клик плус на 16 април изјави дека:

„Има сериозни индиции дека Специјалното Јавно обвинителство има направено злоупотреби и побара да се форми комисија каде што ќе се испита каде се потрошени 15 милиони евра на Катица Јанева и нејзините соработници“.

На оваа тема говореше и во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. На 27-ми  март изјави: „Заев со неоткажувањето од ваквото СЈО ја загрозува европската иднина на Македонија“.
Во истото интервју тој исто така посочи дека  потребно е да се формира комисија која ќе испита како СЈО ги трошело парите.

На 13-ти март, Мицкоски во интервју за Сител Телевизија посочи дека СЈО е симбол на Заевизмот и не е заштитник на правдата, и дека овие обвинители го изгубија човечкиот туку го изгубија и професионалниот кредибилитет.

„Не ги оправда очекувањата на јавноста кои што безусловно им дадоа доверба“.

Во истото интервју тој нагласи:

„Бевме сведоци на полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на просториите, а се со цел да ја сокрие трагата. И за нас оваа институција и овие луѓе претставува симбол на оние изневерени очекувања на граѓаните на Македонија“.

Мицкоски во Отворено на Алфа телевизија на 7 март изјави дека: „Проектот Катица Јанева е завршена приказна, СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара. Воедно истакна дека Јанева не успеала да го убеди во нејзините капацитети и потврдила дека нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво“.

На 27-ми март на дебатата со Зоран Заев, Христијан Мицкоски изјави дека дека власта сака СЈО повторно да биде противуставно.

27-ми февруари  во емисијата „ Печат на недалата“, Мицкоски истакна дека Јанева го уценувала ВМРО-ДПМНЕ,  за одмрзнување на имотот со продолжување на нејзиниот мандат.