Актуелно 28.05.2019 11:15

Напнатост на Косово: Уапсен шефот на полицијата, косовските Срби го блокираат патот

Напнатост на Косово: Уапсен шефот на полицијата, косовските Срби го блокираат патот

Специјалните единици на косовската полиција, Росу, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според информации од местото на настанот, околу 100 жители Срби се собрани на протест и го блокирале магистралниот пат во правец на Митровица.

Патот е блокиран со возила и камиони, оневозможувајќи го транспортот на командирот на месната полиција до јужниот дел на Митровица.

Косовската полиција соопшти дека утрово во четири општински со мнозинско српско население во северно Косово спроведува акција за откривање на учесници во организиран криминал, при што се уапсени неколку лица од српска националност, меѓу кои и припадници на полицијата.

Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп“, „недозволена трговија“ и други. (МИА)