Актуелно 16.08.2019 15:04

Огромен застој на царинските терминали и царинските испостави!

Огромен застој на царинските терминали и царинските испостави!

Царинската управа од 07.2019 година го воведе новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи кој по кажување на увозниците, извозниците, шпедитерите и транспортерите во голема мера е нефункционален, а за обработка на една царинска декларација постапката се одвива со денови. Од причина што самиот систем е многу бавен и во одредени периоди од денот истиот паѓа камионите натоварени со разни видиви производи како и стоките истоварени во царинските складови чекаат и по неколку дена за царинската постапка да биде завршена. Во услови кога надворешните темератури се повеќе од 30ц свежата и лесно расипливата стока како млеко и млечни производи, свежо и разладено месо, овошје и зеленчук, сладолед, лекови и слочно се соочуваат со голема можност истите да бидат расипани или неупотребливи, а транспортерите трпат големи финансиски загуби бидејќи ладилниците на камионите мора постојано да работат за горенаведените производи ги одржат на потребните температури.

Царинските складови не се поврзани со системот на царинската управа и за издавање на стоките не добиваат еклектронски информации дека давачките се платени и стоките ги ослободуваат со хартиена потврда од царинската управа која мора лично да се однесе во царинскиот склад при што исто така се троши значително време и ресурси од страна на царинските посредници што доведува до дополнително отежнување и врметраење на царинската постапка. По кажување на шпедитерите за царинската постапка да биде завршена приморани се да работат надвор од своето работно време и за викенди кога царинските испостави редовно не работат, а сепак царинските формалности не может целосно да бидат завршена за сите стопански субјекти.

 

Системот за наплата на Царинската управа не може да испорача брзина каде по извршеното плаќање на давачките од страна на увозниците и шпедитерите за истите да легнат на сметка на буџетот и да се добие повратна информација дека давачките се платени потребни се и по неколку часови. Од причина што Царинската управа го пушти овој систем не доволно изработен оваа хаотична состојба трае веќе еден месец, а дали истата ќе биде регулирана останува да видиме. До тогаш сите инволвирани страни во оваа постапка ќе трпат значителни загуби.