Актуелно 17.06.2019 13:41

Остана ли СДСМ без сопствени кадри? Татјана Стојановска од ГРОМ во извршниот на Заев

Остана ли СДСМ без сопствени кадри? Татјана Стојановска од ГРОМ во извршниот на Заев

Централниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра Извршен одбор на партијата, организационен секретар, секретар за меѓународна соработка и Директор на центарот за истражување и аналитики на Социјалдемократскиот Сојуз.

Помеѓу членовите на Извршниот одбор се министрите Драган Тевдовски, Рената Десковска, градоначалниците Петре Шилегов, Стефан Богоев, Благој Бочварски, професорките Фросина Ременска, Татјана Стојановска Иванова, Љатифа Шиковска портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и други.

Татјана Стојановска Иванова на изборите во 2014 година беше кандидат за пратеник од редовите на ГРОМ на Стевчо Јакимовски, а беше дел и од Извршниот одбор на партијата ГРОМ.