Живот 15.08.2018 10:56

Променливо облачно и нестабилно време

Променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови, соопштуваат од УХМР. Температурата ќе се движи од 28 до 33 степени.

Според синоптичарите времето и во Скопје исто така ќе биде променливо и нестабилно со услови за повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне до 32 степен.

И в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните делови од земјава, велат од УХМР. Во петок и в сабота пак условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа повторно ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови.