Живот 07.09.2018 09:33

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 22 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, а од недела повремено засилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.