Актуелно 11.12.2018 11:49

ССК и Мицковски: Економскиот раст од 2,8% нема да се оствари

ССК и Мицковски: Економскиот раст од 2,8% нема да се оствари

Нема шанси да се оствари планираниот економски раст од 2,8% годинава – предупредуваат од Сојузот на стопански комори и ВМРО-ДПМНЕ на денешната меѓусебна средба. Тоа не го дозволувале лошите економски политики и се уште нестабилната политичка состојба. Инвестициите изостануваат, домашните фирми преживуваат, а само странските фабрики во зоните напредуваат – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Средбата со раководството на ВМРО-ДПМНЕ за Сојузот на стопански комори е шанса да се слушне и мислењето на бизнис секторот за проблемите кои ги мачат компаниите. За низ е важно нивните предлози да станат дел од регуларната економска политика на земјава.

За Мицкоски даночната реформа што ја почна Владата нема да му помогне, туку само ќе му отежни на бизнисот. Откако повеќе пати побара даноците да не се зголемуваат, сега вели ако има можност да биде дел од креаторите на економските политики, повторно ќе го врати во сила рамниот данок.

Освен со Сојузот на стопански комори, раководството на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период оствари средби и со бизнисмените од Стопанската Комора и Комората на северозападна Македонија. Мицкоски напомена дека при крај е составувањето на економската програма на партијата, па сакаат да ги слушнат предлозите и иницијативите на бизнис заедницата.

 

Извор: Алфа