Економија 08.08.2018 12:38

Toshiba објави рекорден профит

Toshiba објави рекорден профит

Јапонската компанија „Toshiba“ забележа рекордна нето добивка за кварталот благодарение на продажбата на нејзината единица за чипови за меморија за 18 милијарди долари, претходно во оваа година на конзорциум, предводен од компанијата „Bain Capital“, пренесува „Ројтерс“.

Конгломерот, сепак, не укажува од каде ќе дојде нејзиниот иден раст, без да го има целосно клучниот бизнис со чипови. Нејзините преостанати главни бизниси, како енергетиката и социјалната инфраструктура, не успеваат да ја пополнат празнината по продажбата на единицата за чипови, што донесе околу 90% од оперативната добивка во минатата година.

„Toshiba“ објави 1,02 илјади милијарди јени (9,16 милијарди долари) нето добивка за кварталот од април до јуни, што е над пријавени година порано 50,33 милијарди јени, откако заработи 966 милијарди јени од договорот за продажба на вториот по големина во светот производител на чипови „NAND“.

Консензус прогнозата на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters I/B/E/S“, беше за 570,29 милијарди јени.

„Toshiba“ ја задржа прогнозата за добивката за годината што завршува во март. Компанијата очекува износот да достигне 1,07 илјади милијари јени наспроти прогнозата од 1,1 илјада милијарди јени дадена од 12 аналитичари.

Продажбата на единицата за чипови ја спаси „Toshiba“ од години на финансиска криза, поврзана со нејзиниот сметководствен скандал и милијардите долари пречекорување на единицата за нуклеарна енергија во САД – „Westinghouse“.