Актуелно 24.01.2021 15:24

ВИДЕО: Зољи, гранати и муниција пронајдени во Блаце, закопани во 2001-ва година

ВИДЕО: Зољи, гранати и муниција пронајдени во Блаце, закопани во 2001-ва година

По претходно добиени информации, полицијата во атар на село Блаце, во близина на границата со Косово пронашле закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, информираа денеска од МВР.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја“, соопштија денеска од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.