Актуелно 28.05.2019 17:05

Владата ги задолжи граѓаните за нови 40 милиони евра

Владата ги задолжи граѓаните за нови 40 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска одржа нова аукција на хартии од вредност со која повлече нови 2.5 милијарди денари односно нешто над 40 милиони евра.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според проценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.

Истовремено, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до април годинава се реализирани само 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Економистите коментираат дека капацитетот на институциите да ги спроведат јавните инвестиции се од пресудно значење за економскиот раст на земјите во развој како што е Македонија. Ниското ниво на јавни инвестиции покрај тоа што не создава можност за квалитетни јавни услуги за граѓаните, како училишта, градинки, медецинска опрема, но исто така се намалува и обемот на работа за домашните компании.

Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.