Актуелно 28.05.2019 17:50

Владата ја задолжи државата од почетокот на годината за огромни 388 милиони евра

Владата ја задолжи државата од почетокот на годината за огромни 388 милиони евра

Денеска се одржа аукција на државни хартии од вредност на која Владата ги задолжи граѓаните за нови 40 милиони евра . Со ова задолжување вкупниот долг кој Владата го направи за само првите пет месеци од годината  изнесува огромни 388 милиони евра .

Имено, според експертите ваквиот начин на задолжувања кој не е попратен со иста динамика на капитални и инфраструктури проекти е алармантен и опасен. Така реализацијата на капиталните проекти за првите 4 месеци изнесува едвај 10 % што е катастрофално малку со оглед на фактот дека Владата и економскиот  тим ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година и година на инвестициски и инфрастуктурен бум.

Експертите коментираат дека владата и економскиот тим на големо потфрлиле во делот на реализација на се што го имале ветено како пред изборите така  и во програмата и дека економијата воопшто не се движи во добра насока. Експертската јавност смета дека македонската економија значително уназадува и од една од водечките во регионот сега се рангира на дното како на Балканот така и во Европа.

 

Инаку, Владата пред да дојде на власт беше голем критичар на задолжувањата додека сега додека е во владејачка позиција континуирано ги практикува. Исто така јавниот долг според официјалните податоци ја надмина психолошката граница од 50 % и дека во наредните години уште повеќе ќе се зголемува.