Актуелно 29.08.2018 09:47

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот кој СДСМ сами си го распишаа е само параван зад кој ги сокриваат сите криминали

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот кој СДСМ сами си го распишаа е само параван зад кој ги сокриваат сите криминали

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ целосно се фрли на крадење. Од таму велат дека граѓаните се во исчекување на животот кој го ветуваше Зоран Заев, но дочекаа само масовен грабеж на државата.

-Осиромашување на секој чекор, здравство пред колапс, економијата речиси и да не постои, партизирано судство и администрација се проектите кои ги донесе Зоран Заев и неговите полтрони. Референдумот кој самите си го распишаа е само параван зад кој ги сокриваат сите криминали. Шемата како се цицаат парите од буџетот е веќе позната. Фирми кои се формирани само по една недела добиваат милионски тендери од државните институции под власта на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека примери има многу, од крвавиот тендер вреден 35 милиони евра до компаниите кои беа наградени со стотици илјади евра од фондот за иновации.

-Малку им беше ова па СДСМ си реализираше набавка која преку ЈСП ја добиваат фирми кои се во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот. Ова е начинот на кој што СДСМ расипнички ги троши народните пари. Тука постои сериозен сомнеж за постоење на криминална шема на СДСМ за испумпување на пари од Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на директорот на ЈСП поради ваквиот скандал и поништување на извршената набавка, се вели во соопштението од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Основоно јавно обвинителство и сите надлежни институции да почнат сериозна истрага и да го истражат овој сомнителен тендер вреден стотици илјади евра.

-Наместо проекти за подобрување на животот на сите граѓани СДСМ преку сомнителни тендери безмилосно ги цедат граѓаните. Македонија мора да се врати на вистинската патека. Патека на просперитет, добробит за сите граѓани, здрава економија и социјален систем, а за ова да се случи Зоран Заев и неговата клапа мора да си заминат во политичката историја на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.