Актуелно 11.09.2018 22:54

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура

Заев ги прифати грчките црвени линии со кои се менува идентитетот и се брише македонската историја, традиција и култура. Понижувачки и потценувачки е фактот што Зоран Заев се повикува на историските учебници кои тој преку договорот со Грција прифати да ги менува и ревидира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев.

-Истиот тој Зоран Заев кој во своите говори се повикува на историските учебници од кои учеле генерации граѓани на Република Македонија, кој во своите говори се повикува на македонските револуционери и дејци,  истовремено формира комисија чија основна цел ќе биде менување и ревидирање на историските учебници и македонската историја. Формирањето на таквата комисија е јасна потврда за бришењето на македонската историја и македонската традиција, што се прави со штетниот договор со Грција. Тоа е вистината за штетниот договор која Заев сака да ја сокрие од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Зоран Заев преку овој капитулантски договор го продава идентитетот, историјата, културата и традицијата. Капитулантскиот договор е на целосна штета на државата. Зоран Заев мора да си даде оставка и да си замине пред да штетите по државата да бидат преголеми.“