Актуелно 08.07.2019 12:07

Загаденоста во Скопје ја побива парадоксалната изјава на Макрадули дека градот е загаден само во зимо- Карпош денеска најзагаден (ФОТО)

Загаденоста во Скопје ја побива парадоксалната изјава на Макрадули дека градот е загаден само во зимо- Карпош денеска најзагаден (ФОТО)

Во Скопје не се дише ни лето ниту пак во зимо.

Загаденоста на воздухот во главниот град веќе со недели е загаден, а властите не мрднуваат со прст, ниту пак надлежните преземаат нешто.

Откако претходната недела енормно беше загаден строгиот центар на градот и мерните станици кај Ректоратот измерија рекордни 406 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен, денес загадено е во скопски Карпош.

Имено во Карпош утринава се измерени 33 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен со што се покажува дека во воздухот во Карпош утринава нешто чудно се случува.

Освен во Карпош, утринава загадено е и во Гостивар, каде се регистрирани 60 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен, додека во Кочани 31 милиграм ПМ 10 честички на метар кубен.

За среќа денеска кај Ректоратот во Скопје не е загадено, со што се поочигледно е дека минатата недела таму нешто чудно се случувало, додека власта мува не ја лази да преземе нешто.

Според ова паѓаат во вода сите изјави и тези на заменик министерот за животна средина Јана Макрадули кој велеше дека загаденоста ја има само во зимо бидејќи домаќинствата се греат непрекинато.

Загаденоста во Скопје и другите градови во Македонија среде лето се само доказ дека властите забораваат на здравјето на граѓаните.