Актуелно 10.10.2018 09:12

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за уставни прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за уставни прашања е Предлогот за пристапување кон уставни измени.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да ја продолжи седницата на која пратениците треба да се изјаснат за измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно-медицински препарати, во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.