Актуелно 19.12.2018 16:03

Пазарџиите контра министерот за економија – со Законот за пазари, тезгите ќе останат речиси празни

Пазарџиите контра министерот за економија – со Законот за пазари, тезгите ќе останат речиси празни

Пазарџиите остро контра измените на законот – велат дека и досега едвај преживувале и дека новото решение и дополнителните давачки ќе ги дотолчат. Од 1 јануари сите ќе треба да имаат лиценци и да плаќаат персоналец како и придонеси за здравствено и за пензиско.

Новиот закон забранува на тезгите да продаваат пензионери, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар. Пазарџиите ќе мора да имаат и лиценци кои ќе ги контролира Пазарната инспекција. На зелените пазари ќе биде забранета и продажба на текстил, обувки и други непрехранбени производи.

И Стопанската комора побара одложување на законот. Нивните анализи покажале дека со него бројот на трговци ќе опадне за околу 30%. Во Македонија има меѓу 20 и 25 илјади закупци на тезги.

За проблемот да биде уште поголем, институциите мора сериозно да се насочат кон решавање на овој проблем, но за жал бројот на инспектори е се помал. Паралелно, дивите пазарџии, кои ги има над 50%, продолжуваат на црно да работат околу зелените пазари и да земаат голем дел од прометот на оние кои се пријавени и плаќаат давачки кон државата, алармираат стопанствениците.

Владата не отстапува – новото решение ќе почне да се применува на 1 јануари.

 

Извор:Алфа