Актуелно 14.02.2020 15:50

Кој лаже: Заев кој тврди дека во 2016-та сме имале хибриден режим, или „Економист“ дека го имаме со Заев?

Кој лаже: Заев кој тврди дека во 2016-та сме имале хибриден режим, или „Економист“ дека го имаме со Заев?

Како држава поминавме низ еден тежок период, имавме хибриден режим, а сега демократија и едно општество за сите, истакна бившиот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс. Прашањето кое неминовно се поставува е кој лаже – Заев тврди дека сме имале хибриден режим, а сега демократија, или еминентниот „Економист“ кој  на почетокот на 2020-та година Македонија ја смести во групата земји со хибриден режим?

– Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани. Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во С. Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија, јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство, главен уредник на националната телевизија и техничка влада, посочи Заев за АЛ Џезеира.

„Економист“ пак во извештајот за ситуацијата во Македонија на 10.01.2020 оцени дека нашата земја се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, која опфаќа 22.2 отсто од бројот на сите држави, со 16 отсто од вкупното население на сите опфатени 167 држави.

На табелата, се најдовме меѓу Ел Салвадор, Молдавија и Фиџи во жижата на групата земји со хибриден режим. Извештајот е стар само еден месец, што ја намалува можноста некој да заборави на него.

Заборави ли Заев така брзо на оценката на еминентниот Економист, или поведен од предизборието повторно излажа?