Актуелно 09.04.2019 21:47

Јанушев: Неправилностите во првите десет од кампањата се резулатат на заевизмот

Јанушев: Неправилностите во првите десет од кампањата се резулатат на заевизмот

Активисти спречени да дојдат на митингот во Охрид, во најмала рака некоректно однесување на активисти на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател, се само дел од одликите во првите десеттина дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на Изборниот штаб, гостувајќи на Македонската радио-телевизија, МРТ заедно со Александар Кирацовски од СДСМ, кој за претседтелските избори е шеф на Изборниот штаб на СДСМ.

На инсинуациите на Кирацовски дека ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за да се бојкотира вториот круг на изборите, Јанушев категоричен:

-Ниту сме планирале, ниту планираме, ниту ќе планираме да бојкотираме на претседателските избори.

Според Јанушев во моментов има реални проблеми како заевизмот, чиј производ се и актуелните проблеми во првите десет дена од изборната кампања.

-Затоа владата, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да преземат одговорност. Не може така да поминат поради сето ова што се случува овие десет дена од кампањата. Тоа се нерегуларности, а истите ги гледа и меѓународниот фактор, рече Јанушев.