Актуелно 10.11.2020 11:08

1.000 пациенти со ковид-19 се хоспитализирани во македонските болници, расте и бројот на заразени деца

1.000 пациенти со ковид-19 се хоспитализирани во македонските болници, расте и бројот на заразени деца

Во болниците низ Македонија, во моментот, хоспитализирани се 998 пациенти, заразени со ковид-19, покажува последниот извештај на Министерството за здравство.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вчера беа регистрирани 515 нови случаи на заразени со коронавирус, од направени 1.293 тестирања, што е 39 проценти од тестираните. Оздравеа 1.194 пациенти, а починаа уште 20 лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890.