Дневно треба да се внесуваат најмногу 1.800 калории, покажа новата британска студија. Досегашната препорака беше дека жените дневно треба да внесуваат 2.000 калории, а мажите 500 повеќе.
Меѓутоа, Институтот за јавно здравје на Англија покрена кампања, која го застапува правилото „400-600-600“, што значи ограничување од 400 калории за појадок и по 600 за ручек и вечера. Ваквото правило дозволува и две здрави ужинки дневно од по 100 калории, или вкупно 1.800.
Институтот соопшти дека сега, возрасните конзумираат 200-300 калории повеќе отколку што би требало.
– Со децении е познато дека на активните луѓе дневно им се потребни меѓу 2.000 и 2.500 калории за да ја одржат својата тежина. Ваквата кампања не е заснована на докази, туку е лага која треба луѓето да ги натера помалку да јадат, изјави Кристофер Сноуден од Институтот за економски прашање.
Последните податоци покажаа дека Британците се шеста најдебела нација во светот.