Живот 10.05.2018 12:34

15 интересни факти за Coca Cola

15 интересни факти за Coca Cola

Coca Cola го прослави својот 132 роденден. Приказната за најуспешниот бренд на денешницата е
вистинска бајка за еден тежок почеток, многу сомнежи, но и оригинални бизнис потези во вистинско
време. Во продолжение забавувајте се 15 интересни факти од легендарната приказна за “taste the
feeling”

  • Оригиналната формула за Coca Cola е создадена од Џон Пембертон, американски фармацевт,
    и првата продажба е направена на 8 Мај 1886 година во аптеката Jackobs’ Pharmacy во Атланта
    по цена од 5 центи
  • Инаку слатката напивка се продавала како лек кој помагал во лечење на зависност од морфин,
    проблеми со варењето, нервни наружувања, главоболки, дури и импотенција.
  • Првата година од лансирањето на Coca Cola се продавале по 9 шишиња дневно. Денес во светот
    се продаваат по 1,9 милијарди пакувања од производите на The Coca Cola Company.
  • Портфолиото на оваа мултинационална компанија вклучува 4.100 производи, и повеќе од 500
    бренда, од кои 21 остваруваат годишна продажба над една милијарда долари.
  • Сепак на почетокот продажбата не само што одела слабо, туку Coca Cola вовела купони со
    бесплатни примероци за дегустација на новата напивка на пазарот.
  • Франк Робинсон е човекот кој ги измислил купоните со бесплатни примероци, но и дизајнер на
    логото на најпрепознатливиот бренд на денешницата.
  • “Зделка на 19” век така се нарекува првата продажба на правата за флаширање на Coca Cola и
    чинела само еден долар.
  • Канада, Куба и Панама се првите три земји надвор од САД кои почнале со лиценцирано
    производство на Coca Cola во 1906 година.
  • Coca Cola за прв пат се појавува на азискиот пазар, преку Филипини кои во 1912 година
    започнуваат со првично флаширање на пијалокот
  • Coca Cola станува препознатлив и успешен бренд дури во 1977 година
  • Поларната мечка која стана заштитен знак на рекламите за Coca Cola е вистинска и може да се
    види во “Светот на Coca Cola” во Атланта
  • Уште еден комерцијален изум од Coca Cola е пакувањето од по 6 пијалока, кое е воведено е во
    1923 година со цел луѓето почесто да ја конзумираат
  • До средината на минатиот век компанијата имаше само еден продукт. Во 1955 година во Италија
    е презентиран вториот бренд, Fanta.
  • Од 1982 година компанијата ја преставува Diet Coke, која веднаш прераснува во најпродаван
    нискокалоричен безалкохолен напиток, и така останува до ден денес.
  • Coca Cola е и првиот напиток што е испробан во вселената, од астронаутите на Challenger.