Актуелно 20.03.2019 17:32

16-та жртва од Ласкарци: Почина 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата од кобната автобуска несреќа

16-та жртва од Ласкарци: Почина 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата од кобната автобуска несреќа

Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата.

„И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврдиле за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за траумалкогија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.

Таа е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар.