Актуелно 15.08.2024 14:44

2.700 хектари државно земјиште дадено на земјоделци: Потпишани се 947 договори за закуп

2.700 хектари државно земјиште дадено на земјоделци: Потпишани се 947 договори за закуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 хектари, соопшти МЗШВ.

Со овој настан, како што посочуваат, се означија успешно завршени 4 јавни повици за давање во заку на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo три хектари. По овие повици склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха.

Најголем број на договори има во подрачната единица Свети Николе, Прилеп, Куманово, а во останатите подрачни единици има помал број на договори.

– Со овој процес којшто го заокружуваме сега, даваме силен фокус и силен приоритет да земјоделското земјиште биде ставено во функција на земјоделците. Знаеме дека во минатото имаше селективност во распределбата, но тоа ќе биде веќе минато. Ние како одговорно министерство, како влада ќе работиме затоа што земјоделците се наш приоритет – рече Трипуновски.

Во почетокот на месец септември, МЗШВ ќе распише јавни повици за преостанатото слободно државно земјоделско земјиште се со цел да се распредели и да се стави во функција за земјоделско производство.

– Жалам што во минатото имало одредени злоупотреби кои што ние како Министерство ги констатиравме во изминатиот период. Меѓутоа нашата интенција е сето земјоделско земјиште да заврши кај вистинските зе и да истото се стави во функција, да биде во процес на обработка односно на производство рече тој.