Мозаик 21.06.2018 12:51

25 Инстаграм идеи за совршени нокти во лето

25 Инстаграм идеи за совршени нокти во лето

Покрај костимот за капење и шеширот, ова лето на плажа понесете го и впечатливиот маникир кој совршено ќе се согласува со вашиот завиден тен.

Предноста на „nail art“ техниката е тоа што во главно се работи со гелови и може да трае и до месец дена. Тоа значи дека неколку недели воопшто не треба да размислувате на вашите нокти.

Од друга страна, имајте на ум дека вашиот нокт под гелот продолжува да расте, па ако одберете силни и впечатливи бои, по десетина дена ќе се забележува видна разлика.

За среќа, тие разлики можете да ги дотерате до некој интересен дизајн, некој генијален цртеж или пак, можеби најдобро е да се одлучите за некоја неутрална боја.

Сепак, имате море од фантастични идеи, а ние споделуваме со вас 25 фотографии кои ќе ве инспирираат за вашиот летен маникир: