Банкарство 05.06.2018 11:41

4 предизвици со кои се соочува банкарскиот сектор

Не смееме да го негираме фактот дека технологијата и брзиот начин на живеење и менување на нештата, ќе влијаат врз сите индустрии. Кај некои индустрии е многу е поизразено, кај некои помалку, но сепак, единствениот начин бизнисот да опстои на пазарот, мора да се адаптира на промени. Огромно влијание технологијата направи и врз работењето на банкарската и финансиската индустрија.

Ние издвоивме 4 основни предизвици кои банките ги имаат денес:

  • Не правaт доволно пари. И покрај сите наслови за профитабилноста на банкарството, банките и финансиските институции сé уште не прават доволно голем поврат на инвестицијата, или враќање на капиталот, што им го бараат акционерите.
  • Потрошувачките очекувањаОвие денови се работи за искуството на клиентите, а многу банки се чувствуваат под притисок бидејќи не го испорачуваат нивото на услуга што потрошувачите ги бараат, особено во однос на технологијата.
  • Зголемување на конкуренцијата од компаниите за финансиска технологија.Финансиската технологија (FinTech) компании обично се start-up компании базирани на користење на софтвер обезбедување на финансиски услуги. Зголемената популарност на FinTech компаниите го нарушува начинот на кој традиционалното банкарство е направено. Ова создава голем предизвик за традиционалните банки бидејќи не можат брзо да се прилагодат на промените – не само во однос натехнологијата, туку и во операциите, културата и другите аспекти на индустријата.
  • Регулаторен притисок. Регулаторните барања продолжуваат да се зголемуваат, а банките треба да потрошат голем дел од својот буџет за да бидат усогласени, како и за градење на системи и процеси за да ги следат барањата.

Овие предизвици продолжуваат да ескалираат, така што традиционалните банки треба постојано да ги следат и да ги подобруваат своите операции. Доколку сакаат да опстанат на пазарот денес, тие мора да ги следат брзите промени во банкарската и финансиската индустрија.