Актуелно 09.10.2019 16:30

Светска банка со песимистичка прогноза за Македонија . Растот на економијата под регионалниот просек

Светска банка со песимистичка прогноза за Македонија . Растот на економијата под регионалниот просек

Светска банка со песимистичка прогноза за Македонија . Растот на економијата под регионалниот просек

 

Излезе најновиот  есенски извештај на Светска Банка за земјите од Западен Балкан. Имено, во него се даваат проекции и анализи за повеќе индикатори во земјите од Западен Балкан вклучително и Македонија.

Така во делот на стапки на раст стои проекција на Светска Банка дека во  Македонија растот на економијата ќе изнесува 3,1 % што е раст под регионалниот просек. Така на пример растот на Косово е проектиран за истата година да биде 4 % додека во  Србија 3,3 %.

Дополнително,  за следните години 2020 и 2021 растот е проектиран на 3,2 %  за 2020 и 3,3 % за 2021  што се коси со ветувањето на владата предводена од СДСМ дека до крајот на мандатот БДП ќе достигне и до 5 %.

 

Владата ветуваше дека 2019 година ќе биде економска година но ништо од тоа не се случи. Експертската јавност предупредуваше дека економијата треба да биде во фокусот на владата но очигледно стапките на раст ќе останат да бидат измеѓу 3 % што е очајно лошо. Економистите велат дека со вакви стапки на раст тешко дека ќе се крене животниот стандард и ќе се подобрат условите на живеење на македонското население