Оваа специјална соработка што ја имаме со Унгарија е т.н. рамка може да биде и поголема доколку нас тоа ние е потребно и условите кои ни се нудат ни се поволни. Немаме горен праг, а тоа е убавината во целата оваа соработка. Ова вечерва во вестите на ТВ Сител го рече премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи за заемот од 500 милиони евра од за специјална економска соработка, а коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата на опозицијата дека овој заем е неповолен, однодно дека најавувал милијарда евра, а донел 500 милиони евра.
Според него овој заем е со дупло пониска камата од еврообврзинацата што во 2018 година ја замала претходната влада, а која, според него, ја искористила за поткуп и манипулација.
„Обврзницата земена во 2018 година што беше земена за поткуп, за манипулации доспева на 25 јануари следнатас година. Зошто би земале 500 милиони евра сега да плаќаме камати, кога тие пари рални е ни рб сега во моментот, а ќе ни требаат во јануари. Зошто да ги трошиме парите на граѓаните, па макар и еден милион евра. Еден милион се две училишни сали кои вчера почнавме да ги работиме во Охрид. Две такви сали се еден милион евра. Подобро да сработиме две такви сали отколку да платиме камати што ќе завршат онаму каде што не се продуктивни за граѓаните“, рече тој.
На прашањето зошто заемот се зима од Унгарија, и дали со тоа ќе се наруши односот со меѓународните финасиски партнери кои досега ја кредитираат земјата, Мицкоски рече дека парите немаат боја, ниту нцоа припадност, ниту, пак, земја на потекло.
„Нека ни дадат под исти услови и други држави, ние од таму ќе земеме. Нека ни дадат подобри услови. Ние имаме пријател таму. Побаравме добивме. Еве нека ни даде друга финасиска институција подобри услови. Нема проблем. Тие пари ќе ги земеме, ќе ги вратиме овие. Јас се трудам да заработам за граѓаните. Да поминеме поевтино. При тоа да овозможиме фирмите наши што подигаат заеми од банките во Македонија по 5 или 6 проценти камата, да добијат два пати помала каматна стапка, да имаат три години греј период и д имаат двоен период на отплата за истите. Тоа е мојата борба. Немаме фрустрации дека мора од Унгарија да земеме. Во моментот таа е најдобрата понуда што ја имаме“, вели премиерот.
За тоа колку може овој заем од Унгарија да влијае на македонската надворешна политика, Мицкоски рече дека се додека имаме таков тип на фрустрации, ние нема да можеме да се развиваме.
„Прво станува збор за држава членка на Европската Унија, во моментот претседавач. Таа е и членка на НАТО. И во таа држава имаме 90 отсто од инвестициите кои доаѓаат од ЕУ. АКо јас не смеам да ја развивам оат држава и да ар добро за граѓаните под евтини услови, тогаш нема ми дадат подобри услови. Мене ми е битен интересот на македонските граѓани. Отворени сме да разговараме со сите институции што ќе ни дадат подобри услови“,рече Мицкоски.
Според него, важно е компанијата која ќе ги земе тие сретства да се равива, да обезбеди раст на својот бизнис, а така буџетот ќе има повеќе приход, а потоа ќе може да се зголемат платите, пензиите и да се реализираат капиталните инвестиции.
„Ако ние веруваме во македонскиот бизнис, очекуваме подеднакво бизнисот д верува во себе. Фер. И а тој чин да обезбедиме инвестициска активност од половина милијарда. Политиката на оваа влада е дека нема да стимулираме потрошувачка економија, туку инвестициска економија. Така буџетот ќе има повеќе приходи и ќе може да инвестираме трошења“,вели тој.
Во овој мандат планираат да има нови 20 илјади вработувања.
За договорениот заем од 500 милиони евра што унгарската влада треба да ѝ го даде на С Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека министерствата за финансии во двете земји уште веднаш се задолжени за отпочнување а процесот.