Економија 09.01.2019 18:25

7,8 милиони денари за откривање пестициди и ГМО-храна

7,8 милиони денари за откривање пестициди и ГМО-храна

Министрите на владина седница ја прифатија предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година.

За оваа намена се предвидени 7,8 милиони денари, а целта на програмата е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување присуство на резидуум од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, мониторирање можно присуство на ГМО-храна, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.