Актуелно 01.06.2020 14:17

7 починати, 89 заразени, пола влада во карантин, а Заев бескомпромисно оди на избори на 5.јули?!

7 починати, 89 заразени, пола влада во карантин, а Заев бескомпромисно оди на избори на 5.јули?!

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада.Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Заев, кој политикантски го набеди министерот Наќе Чулев за напливот на зараза, заборавајќи дека неговата СДСМ тераше и терa кампања меѓу граѓаните и пола влaда е во карантин со дузина заразени од врхушкта на партијата, не постоел никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ стана епидемиолог и вели дека, верувале или не, вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.